Во црвено во знакот
на домаќинот Австрија и жолто во боите на гостите Шведска беше обоен
стадион на “Пратер“ во Виена. Мечот од квалификациска група за
Мундијалот во Бразил 2014 го доби Австрија која со 2-1 ја совлада
Шведска. 48 500 гледачи беа сведоци на триумфот на два месеци претходно
распродадениот “Ернст Хапел“ во Виена. Австријците славеа со головите на
Алаба од пенал и Јанко. Почесниот гол за “викинзите“ беше дело на
Елмандер. Карневалска беше атмосферата на “Пратер“ каде здружени се
забавуваа навивачите на двете селекции.
М. П.
No comments:
Post a Comment